Духот на невестата која ги гасне автомобилите во Маврово
Мавровскиот регион е преубав затоа што располага со големи убавини, но крие и една мрачна приказна која се раскажува меѓу жителите на Никифорово и Леуново.
Иако малкумина веруваат во приказни со паранормално присуство, сепак жителите велат дека се појавува дух на млада жена во бел фустан меѓу двете села.
Таа се појавува точно на полноќ пред автомобили кои наеднаш се гаснат. Според раскажувањата, духот лебди пред автомобилот, а потоа исчезнува во темнината.
Од приказната навистина ќе ве полазат морници. Духот наводно е на млада девојка која избегала од дома за да се омажи со својот сакан, но по пат ја сретнале разбојници кои ѝ го одземале животот.