Поставен камен-темелник на црква посветена на апостолите Петар и Павле
Селото Теранци, кое се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, ќе добие уште една црква која ќе биде посветена на христовите апостоли Петар и Павле.
На 29 јуни беше поставен камен-темелникот на новата црква, која се гради пред Домот на културата, а темелите заедно со плочата се донација на Кристијан Ристов.
Иницијативата да се отпочне изградбата на верскиот храм е на црковниот одбор и на месната заедница. Тие решиле црквата да биде посветена на христовите апостоли затоа што селска слава била Петровден.
Црквата е со димензии 9 на 7 метри, а проектот треба да биде идентичен на црквата која се наоѓа на влезот на штипската болница.
Во непосредна близина на црквата и домот на културата ќе биде поставен и голем крст за кој веќе се собираат парични средства.