Братската клетва фрлена врз Зелената куќа во Црниче
Во скопската населба Црниче постоеше стара, зелена куќа со кула која долги години привлекуваше погледи и вљубеници во старата архитектура, но имаше и такви кои раскажуваа приказни за клетви и духови во остатоците од куќата.
Една од најпознатите приказни за куќата за која се веруваше дека е опседната е за братската клетва која била фрлена врз зелената куќа.
Според жителите, скопјанецот Трајко Боцев ги проколнал браќата Томе и Димче затоа што не сакале да го погребаат во семејниот дом.
Тие имале лозје каде што се наоѓа вилата и правеле многу убаво вино, а најстариот брат Трајко се борел со Турците и бил застрелан, но пред да почине испратил абер по неговиот син Никола да го земат браќата и да го погребаат во домот во Скопје. Томе и Димче не сакале и го оставиле да почине, а Трајко наводно ги проколнал и кажал сè да им се уништи.
Постои и втора приказна, а таа е за семејство од Црна Гора. Едното дете починало при пад од коњ, второто паднало во бунар, додека мајката си го одземала животот, а набрзо по неа и таткото.
Зелената куќа повеќе не постои во Црниче, но остануваат приказните на жителите дека во доцните часови слушале најразлични крици и извици, но и тропање од врати кои не постоеле во куќата.