По пауза од 15 години: Продолжи доградбата на црквата „Св. Димитрија“
На 5 септември 2024 година, по пауза од 15 години, продолжи доградбата на црквата „Св. Димитрија“ во селото Таринци.
Митрополитот брегалнички Иларион заедно со градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов беа во посета на црквата и искажаа надеж дека наскоро ќе се заврши светиот храм.
Жителите на Таринци се пресреќни затоа што конечно продолжува доградбата на црквата во која треба да се организираат многу венчавки, крштевки, но и собири.
За тоа колку брзо ќе се одвива доградбата, зависи и од средствата кои ќе се собираат за изградба на црквата „Св. Димитрија“.