Sign In

Блог

Последни вести
Свето место за сите верници: Манастир каде се случуваат чуда 1.000 години

Свето место за сите верници: Манастир каде се случуваат чуда 1.000 години

Манастирот од духовно и историско значење, „Свети Прохор Пчински“ се наоѓа на левиот брег на реката Пчиња и тоа е светилиште каде што се собираат илјадници верници.

За манастирот се раскажува дека е основан од византискиот император Роман Диоген во 11 век, а веќе 1.000 години се случуваат чуда на ова свето место.

Едно од најголемите чуда во манастирот е излевањето на миро од ѕидот во кој се вградени моштите на Свети Прохор.

Во манастирот доаѓаат голем број парови кои не можеле да имаат деца, но и други верници кои имаат некаква мака.

Манастирот е важен и за македонскиот народ затоа што во него се одржало првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.

Според житието, свети Прохор Пчински потекнувал од Овчеполието, а токму тој му предвидел на Роман Диоген дека ќе стане цар, по што во знак на благодарност бил изграден манастир на светителот.