„Куќата на духови“ во Штип – мистерија која не дава мир
На различни локации низ Македонија постојат мистични места кои не даваат мир, а една од нив е „Куќата на духовите“ која се наоѓа на улицата „Вита Поп Јорданова“ во Штип, за која се раскажуваат голем број легенди и приказни од локалното население.
Куќата е изградена пред 40 години, но за многумина таа е „вампирска куќа“ и се верува дека во истата постојат зли духови кои не им давале мир на досегашните сопственици.
Последниот сопственик на куќата починал неодамна, по што не се јавил никој за да ја наследи поради страв дека ќе мора да се соочи со духовите кои ги прогонуваат сите кои сакаат да живеат во неа.
Според една од легендите на жителите на Штип, куќата е изградена на муслиманско свето место и поради тоа духовите го штитат од сите живи луѓе кои сакаат да живеат во неа.
Штипјани откриваат и друга приказна за куќата, а тоа е дека постојат подземни води кои предизвикуваат звукови, а со тоа се објаснуваат „злите духови“ кои наводно никому не му даваат мир.