Поставен и осветен Крстот на тврдината Градиште
Селото наречено Град се наоѓа во општина Делчево, на неколку километри од патот Делчево – Берово и истото изобилува со вода, плодна земја и пасишта, па затоа било населено уште пред 5.500 години.
Во селото постои археолошко наоѓалиште наречено „Градиште“, а во него во 2001 година била пронајдена фигура од метал на женско божество – мајка со жртвеник, која датира од пред 5.500 години.
На самиот рид на Градиште се најдени и монети од римскиот период, но и рановизантиско време, а исто така се откриени и камени садови икерамика.
По повод празникот посветен на Свети пророк Илија, по Светата литургија, епископот делчевско-каменички г. Марко изврши чин на осветување на новоизградениот железен крст, кој се наоѓа над селото каде што во минатото имало тврдина.
Крстот се градеше по иницијатива на иселеници во Швајцарија, а по осветувањето организаторите подготвија и црковен ручек кој им беше поделен на верниците.
Фото: Делчево мој роден крај + Делчевско – каменичка епархија