Sign In

Блог

Последни вести
Хотел „Бристол“ наполни 100 години и стои како сведок на интересни приказни

Хотел „Бристол“ наполни 100 години и стои како сведок на интересни приказни

Еден од најуникатните симболи на градот Скопје е хотелот „Бристол“, кој е стар повеќе од 100 години, а е изграден од браќата Ташко и Ристо Караџа.

Изградбата на хотелот е почната во 1923 година од браќата Караџа, чие потекло е од Грција, но биле успешни трговци во Скопје. „Бристол“ е завршен една година подоцна, односно на 24 април 1924 година.

Хотелот располагал со 35 модерни соби, во кои биле обезбедени сите услови за пријатен престој на гостите, а исто така е познат и по неколку специјалитети меѓу кои е шкембе чорбата, поховано шкембе и мозок.

Во бавчата на хотелот постои огромен орев со прекрасна круна, кој всушност е љубовен дар и плод на една врска. Споменот на скопската ноќ која писателката Сисилија Изабела Ендрус, позната како Ребека Вест, ја поминала во хотелот заедно со нејзиниот придружник, српскиот интелектуалец Станислав Винавер.

Засадувањето на оревот во пролетната вечер во 1936 година се опишани во романот „Црно јагне, див Балкан“ на македонскиот писател Петре Бакевски.

„Бристол“ почнал да се менува во раните 70-ти години, а како минува времето така тој се движи кон неговото затворање, кое официјално се случува на 9 ноември 2012 година.

Фото: Твитер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *