Подигнат е 25-метарски крст во Ранковце
Уште еден милениумски крст висок 25 метри ќе го осветлува и штити македонското небо, а истиот беше подигнат во Камлеш, Ранковце.
Со помош на голем број донатори кои помагаа во изминатите месеци се стигна од идеја до реализација и изградба на светиот крст во Ранковце.
На 4 август е закажано свеченото осветување на светиот симбол на христијанството. Во 8 часот ќе почне литургијата во црквата во Ранковце, а по завршување на истата, во 10 часот ќе се изврши осветување на крстот.
Домаќините ги покануваат сите кои се во можност да присуствуваат на осветувањето на светиот крст.
Ранковце се наоѓа во среднишниот дел на Славишко Поле, од десната страна на Крива Река. Во селото има многу старини и остатоци од разни културни и временски еопхи.
Фото: Ангелко Стојановски