Sign In

Блог

Последни вести
Прва богослужба по 80 години – воскресна манастирот на „Св. Архангел Гавриил“

Прва богослужба по 80 години – воскресна манастирот на „Св. Архангел Гавриил“

Во чест на Светиот Архангел Гавриил, кој се јавувал многупати во историјата секогаш со добра вест од Бог, е изграден древниот Долнодримколски манастир, каде што беше одржана прва богослужба по пауза од 80 години.

По цели 80 години запустеност, конечно манастирот на „Св. Архангел Гавриил“ заживеа со историска богослужба, а на истата беа присутни голем број луѓе.

Пред почетокот на Божествената литургија, на Старецот му беше подарен надбедреник со престава на Светиот Архангел Гавриил, а со историската богослужба во душите на присутните воскресна споменот за предците со голема вера и љубов кон Бог.

Ова свето место повторно оживеа и во иднина ќе биде прибежиште и извор на духовна сила за верниците, а исто така ќе стои како потсетник дека секоја разрушена душа може повторно да се обнови.

Храмот е сместен во длабочините на Долни Дримкол, а со векови бил место за молитва и духовно воздигнување. Светиот објект датира од ромејскиот период, додека остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20 век. Последната литургија која била отслужена во него е во пролетта 1944 година од јереј Милан Јовановски.

Фото: Бигорски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *