Sign In

Блог

Последни вести
Да помогнеме и со заеднички сили да изградиме крст висок 15 метри

Да помогнеме и со заеднички сили да изградиме крст висок 15 метри

Манастирот „Свети Архангел Гаврил“, кој е составен од два црковни храма посветени на светецот се наоѓа во скопското село Зелениково во густа дабова шума, а сега се роди идеја во негова близина се издигне свет крст висок 15 метри.

Поголемата црква е изградена во 1964/65 година, додека помалат ае изградена во 2003 година, а над влезот на двата свети објекти постојат фрески-мозаици на патрониот светец, а црковната слава секоја година е на 26 јули при што манастирот го посетуваат голем број луѓе и верници од Зелениково и околината.

Од одборот на манастирот споделија идеја за изградба на крст во висина од 15 метри, кој ќе биде поставен спроти самиот храм, на местото викано „Крст“.

Паричните средства може да се уплатат на сметката: 300000005095640, банка: Комерцијална банка, примач МПЦ-ОА-СПЕ Скопје-Храм „Св.Архангел Михаил“ с. Зелениково, Скопје.

Освен финансиски, може да се помогне и со материјал потребен за изработка на крстот, како и работна рака кој дополнително би била од помош за да се забрза процесот за подигнување на светиот крст, а за повеќе детали може да се јавите на 071 206 941 – Никола Пејков.

Фото: Марио Шаревски – Македонец