Sign In

Блог

Последни вести
Хуманитарен концерт за доизградба на храмот „Св. Петка“

Хуманитарен концерт за доизградба на храмот „Св. Петка“

Црквата „Света Петка“ во населбата Точила, Прилеп е посветена во чест на Преподобната маченичка Параскева – Петка Римјанка, а на 24 јули, среда, со почеток од 20.30 часот ќе се одржи хуманитарен концерт за доизградба на светиот храм.

Пред платото на храмот ќе се одржи концерт на духовна и македонска народна музика која е дел од циклусот хуманитарни концерти, соопштија од Организациониот одбор „Од векови за векови“.

На концертот ќе настапи женскиот камерен хор „Керамија“ под диригентската палка на Катерина Попоска, а тие ќе се претстават со духовни композиции од Бортњански, Архангелски и други.

Црковниот хор „Св. Петка“ под диригентската палка на протопсалт м-р Гоце Секулоски, исто така, ќе настапи пред платото на светиот храм, а тие ќе се претстават со композиции од Христов, Мокрањац, К. Македонски, А. Бадев и други.

Влезот на настанот е слободен, а за сите верници и добри луѓе кои сакаат да донираат, жиро сметката е: Храм „Св. Петка“-Точила, Прилеп 500-000000887189

Фото: Meri Boshkoska