Бигорски манастир ги поканува верниците за празникот Собор на Светиот Архангел Гавриил
На 26 јули, петок, со почеток од 8.30 часот во древниот Долнодримколски Манастир посветен на небесниот Собор на Светиот Архангел Гавриил, познат и како Манастирец, ќе се прослави празникот на Божјиот Благовесник.
Бигорскиот манастир ги поканува верниците да го прослават носителот на добрите и радосни вести, кој прв го соопшти доаѓањето на Спасителот во светот.
Епископот Антаниски г. Партениј ќе чиноначалствува со светата литургија, а целта на претстојното богослужение е да му се оддаде почит на великиот Архистратиг Гавриил.
Долнодримколскиот Манастир е посветен на Светиот Архангел Гавриил и е сместен во длабочините на Дебарски или Долни Дримкол. Светиот храм датира од пред 14. век, но остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20. век.
Во период од 15 мај до 30 јуни 2024 година беа спроведени и работни активности за да се исчисти патот и остатоците од манастирот со цел да се создадат услови за служење на светата литургија.
Фото: Бигорски