Sign In

Блог

Последни вести
Поставен нов чувар над Скопје – христијански крст висок 15,4 метри

Поставен нов чувар над Скопје – христијански крст висок 15,4 метри

На само 15 километри од центарот на градот Скопје, односно 25 минути возење се наоѓа прекрасното село Глуво, кое од 8 јули го краси христијански крст висок 15,4 метри.

На падините на Скопска Црна Гора, во селото Глуво на почетокот на март беше најавен новиот проект за изградба на крст, а по неколку месеци напорна работа и помош од хумани луѓе мисијата беше комплетирана.

Светиот крст висок 15,4 метри беше поставен и осветлен на ридот над селото Глуво, односно највисоката точка над манастирот „Св. Атанасиј“.

Глуво е едно од селата кои ќе ви понудат чист воздух и преубава природа во која ќе може да си ја одморите душата и да избегате од градскиот метеж.

Да потсетиме, пред пет години беше направен уште еден симбол над скопското село, а тоа е натписот „Глувовуд“ од бетонски букви по примерот на познатиот знак „Холивуд“.

Фото: Крст С.Глуво