Sign In

Блог

Последни вести
Канонизација на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска

Канонизација на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска

Во манастирот „Св. Јован Претеча“ во демирхисарско Слепче и соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола ќе се одржат свечени богослужби на 29 и 30 јуни, при што ќе биде канонизирана преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска, откако таква одлука беше донесена на 11 април од Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Канонизацијата почна на 29 јуни во 17 часот каде беше отслужена вечерна богослужба, додека продолжи на 30 јуни во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола беше отслужена утрена богослужба во 7 часот.

Моштите на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, додека сестринството на манастирот ја наслика нејзината икона и го состави нејзиното житие.

Стефанида е родена како Стевка Џурчевиќ во Врака, место кај Скадар во Албанија, додека во 1933 година со нејзиното семејство и сите Срби се протерани кај Дреновац, на Косово.

За неа има малку податоци, а според нив Стевка никогаш не посетувала училиште, односно сама научила да пишува и чита. По Балканските војни и преселбата на Србите на Косово, Стевка во Дреновац ѝ се посветила на Црквата, а во манастирот Високи Дечани го запознала владиката Николај Велимировиќ.

Последните четири години од животот ги поминува во Битола, во домот за сираци Богдај, кој бил формиран од владиката Николај. Стевка во нејзиното последно писмо се збогува со семејството и вели дека нејзините денови се одбројани, односно ќе оди кај тој на кој му го посветила целиот свој живот.

Непосредно пред крајот на војната, во 1945 година во Битола, монахињата Стефанида била претепана од германски војници затоа што одбила да го испочитува прописот за замрачување на домовите, односно да ја изгаси големата ламба во ќелијата или со завеса да го прекрие прозорецот.