Sign In

Блог

Последни вести
За првпат чукна ѕвоното во камбанаријата на манастирот „Св. Петар и Павле“

За првпат чукна ѕвоното во камбанаријата на манастирот „Св. Петар и Павле“

Високо над скопското село Ајватовци, на Ајватовски Рид се наоѓа православната црква „Св. Петар и Павле“ каде што конечно за првпат чукна ѕвоното во камбанаријата.

Манастирот се наоѓа високо над селото и има прекрасен поглед кон скопското поле, а во уредениот двор на светиот храм може да се пронајде мир.

До светиот храм на Ајватовски рид водат 365 скали и ги привлекува верниците да го посетат, а од сега е поставено и ѕвоно во камбанаријата кое чукна за првпат.

Фото: Darko Antevski

Видео: Maksim Cvetkovic