Висок крст во околината на Скопје во иднина ќе го штити македонското небо
Над скопското село Катланово, во дворот на старата црква „Св. Илија“, се издигна уште еден крст кој во иднина ќе го осветлува македонското небо.
На околу 29 километри од центарот на Скопје на 23 јуни беше осветен православниот крст од страна на Архиепископ Охридски и Македонски господин господин Стефан.
Организатори за време на кумството се Борче и Бојана Ѓорѓиевски, додека учесници во изградбата се Панче Ковачева ДИА (проектант), а донатори се Стојанов Алекса, Ники Градба Скопје, Аце Транс, како и Борче и Бојана Ѓорѓиевски.
Изведувачи на проектот се Благоја Блажевски Бале, Ненад Маневски, Миле Стефковски, Факом, Владимир Летовски и Борче Ѓорѓиевски.
Симболот на надеж и обновување, односно амблемот на нашата христијанска вера и во иднина ќе ги повикува верниците на ридот над Катланово за да ја посетат црквата и да го пронајдат својот мир.
Во црквата „Св. Илија“ традиционално вечерта на 1 август се собираат жителите од околината на Скопје, во пресрет на 2 август, односно големиот верски празник Илинден.