Лековита моќ на света вода која се наоѓа во близина на Скопје
На само 12 километри од центарот на Скопје, во подножјето на Раштавска Планина, меѓу планините Љуботен и Булачани се наоѓа селото Раштак, каде што постои лековита вода која им помага на сите кои ќе побараат помош.

Раштак го добил името по растението кое било присутно во тој предел, односно дабот или „храст“, а исто така е сведок на многу случувања од минатото, но и место за помош на луѓето со очобол.
Лековитите води од изворот Тополче во Раштак им помогнале на многумина. Луѓе од секаде доаѓале и барале помош за очобол. Тие се замивале неколку пати со лековитата вода која им помага да го решат својот проблем.

За овој извор интересна приказна имаше и чичко Никола Иванов, кој пред половина век паднал на смртна постела, а на сон му се јавила Богородица и му кажала да се напие од светата вода во Раштак.
Во приказната на чичко Никола се вели дека му се јавила Богородица и побарала во Тополче, до чешмата со лековита вода да се изгради црква, а воедно и да им помага на луѓето кои си имаат некаква мака.

На ова место жителите веќе со години се собираат на 28 август и заедно ја слават Света Богородица, а Раштак е место кое привлекува туристи во секоја доба од годината со својата убавина, но и со изворот околу кој има вистинска рајска градина.
Фото: Св. Богородица – Тополче