Sign In

Блог

Последни вести
Св. Еразмо Охридски – светител од Бог даруван со чудотворна моќ

Св. Еразмо Охридски – светител од Бог даруван со чудотворна моќ

Православните верници го слават Св. Еразмо Охридски, кој бил роден во Антиохија и живеел во времето на царевите Диоклецијан и Максимилијан, а од Бог бил даруван со чудотворна моќ.

Св. Еразмо Охридски како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто, а така стигнал во Охрид каде што го воскреснал синот на некој човек по име Атанас.

Откако го воскреснал синот на Атанас, св. Еразмо Охридски крстил многу луѓе и ги разурнал идолските жртвеници, а поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да се поклони на бакарниот кип на Зевс и да даде жртва.

Св. Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот, а по овој настап тој крстил 20.000 луѓе, но по наредба на царот сите биле ликвидирани, а Еразмо бил затворен.

Потоа се јавил ангел кој го ослободил св. Еразмо од затворот, кој потоа се повлекол во пештера и во молитви го поминал остатокот од животот. Тој починал на почетокот на IV век.

Во близина на Охрид има пештерска црква која е посветена на св. Еразмо, а во близина на истата постои вода за која се верува дека е лековита.

Фото: Свети Еразмо – Охридски Чудотворец