Кованици од Александар Македонски како доказ за вековното постоење на Македонија
Монетите се материјални извори со кус натпис стручно наречени нумизматички извори. Тие биле главен извор за економијата, но и за одбележување на некој настан, а денеска служат и како доказ за постоењето на некои владетели.
Во изминатите години се пронајдени голем број докази за вековното постоење на Македонија, а тоа го потврдуваат и кованиците кои се пронајдени од периодот пред нашата ера со ликовите на македонските кралеви како Александар Трети Македонски и Филип Втори Македонски.
Монета на Александар Трети Македонски, тетрадрахма, чие потекло е од III век п.н.е. е пронајдена во локалитетот Барутница, с. Долно Егри. Нејзиниот дијаметар е 26 мм, додека тежината е 17,1 грам, а изработена е од сребро со ковање.
Аверс – Александар Трети Македонски е претставен како Херакле, со лавовска глава на главата со профилот во десно. Реверс – Зевс седнат на лево врз престол со царски жезол со бесценети камења и резба, додека лево долу е претстава на божицата Нике.
Прв македонски крал кој ковал монети е Александар Први Македонски, додека Филип Втори Македонски е познат како првиот кој исковал златна монета – статер.
Во книгата „Монетоковање во античка Македонија“ може да прочитате и за други монети кои го потврдуваат постоењето на македонската држава и се доказ за настани од минатото кои ја обликувале нашата држава.
Доколку сакате да ја купите книгата која содржи докази за вековното постоење на Македонија, тоа може да го направите на телефонскиот број 079 404 449 (книгата се испраќа преку Карго низ цел свет).