Sign In

Блог

Последни вести
Владе изгради манастир откако светец седум години му доаѓал на сон

Владе изгради манастир откако светец седум години му доаѓал на сон

Манастирот „Св. Спас“ на ридот над селото Црнобуки е дело на Владе Чагорски, кој со помош на други луѓе и собирање на донации почнал да го гради светиот храм во 2015 година, откако претходно седум години молчел и не го раскажал својот сон.

Владе дури седум години го сонувал истиот сон на кој светец од него побарал да подигне дом, но конечно решил да прозбори во 2015 година и им раскажал на соселаните за светецот.

Жителот на Црнобуки имал големи маки затоа што постојано светецот го носел на местото каде што е изграден манастирот и му кажувал дека таму се наоѓа неговиот дом, по што побарал од ктиторот Владе да му го обнови.

На местото на манастирот постоела круша која била стара 62 години, а Владе им раскажал на соселаните дека од неа излегувал светецот и го повикувал да дојде на ова место.

Со помош на донации од странство, соселаните, но и други верници бил подигнат храмот кој засега не е осветен, но е призна од Македонската православна црква (МПЦ) и во него доаѓа свештеник.

Фото: Манастир Св.Спас с. Црнобуки