Македонски амбасадор на уметност и култура во светот – „Танец“
Ансамблот „Танец“ претставува еден од столбовите на македонската традиција и култура, а формиран е на 24 март 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни, народни носии и инструменти.
„Танец“ е амбасадор на македонската народна уметност и култура во светот. Ансамблот веќе 75 години е подвижен музеј на македонското културно богатство и ја шири убавината на македонските ора и песни низ светот.
Со голема посветеност на изминатите генерации „Танец“ растеше и се развиваше, па денес е модерна институција за почит која секогаш ја демонстрираше непоколебливата заложба за зачувување на македонската традиција.
„Танец“ цели 75 години е светилник на македонското културно наследство и идните генерации треба да го чуваат како свој најголем аманет во годините кои ни претстојат.