Sign In

Блог

Последни вести
Покана до сите верници – по долги години ќе се одржи литургија во црквата „Св. Никола“ во Љуботен

Покана до сите верници – по долги години ќе се одржи литургија во црквата „Св. Никола“ во Љуботен

Црковниот одбор на „Свети Никола“ во скопското село Љуботен ги поканува сите верници да го прослават најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден.

По долги години, на 4 мај (сабота) во 23.00 часот ќе се одржи литургија, во македонската православна црква која датира од средновековниот период, односно е изградена во 1337 година од страна на ктиторката Даница.

Низ вековите била препуштена сама на себе, па поради тоа значително бил оштетен живописот и горниот делови од храмот, но неодамна почна реализирање на проект за изградба и реставрација на дворот и околните работи на црквата, а за тоа може повеќе да прочитате ТУКА.

„Почитувани пријатели, браќа и сестри, наши соседи, верници и следбеници на нашата најубава христијанска, православна вера, чест ни е да ве поканиме во нашиот најсветол дом, црквата Св. Никола во с. Љуботен, заедно да го прославиме најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден“, велат од Црковниот одбор на „Св. Никола“.

Црквата „Св. Никола“ е сведок на сите подеми и падови на вредниот и измачен македонски православен народ во изминатите седум века.

„За многу години христијани, за многу години браќа и сестри православни Македонци. Амин“, се вели во поканата.