Љубовта кон Македонија како вечен извор на инспирација
Во светот на уметноста и дизајнот, постои едно име што извлекува врвни уметнички изрази од древните македонски народни везови и ги внесува во современиот дигитален контекст. Ја нарекуваме Акреа!
Со гордост и посветеност, Анета која стои зад Акреа ги обединува своите стручни знаења како историчар на уметност и археолог со љубовта кон народната традиција и уметноста. Нејзините дизајни не се само продукт на уметност, туку и насочени образци на традицијата која ја краси Македонија.
Можете ли да ни кажете повеќе за инспирацијата зад вашиот бренд и како истиот беше создаден?
– Инспирацијата за Акреа произлезе од мојата стручна определба Историчар на уметност и археолог, долгогодишната работа со културното наследство и љубовта кон народната традиција и уметноста.
Се чини дека вашата колекција има силен акцент на уникатните дизајни инспирирани од македонското културно наследство. Можете ли да споделите со нас некои специфични аспекти кои влијаеле на вашите дизајни?
– Дизајните се инспирирани од македонското културно наследство и народните везови. Вистински предизвик претставуваше креирањето на современи дизајни од везовите на носиите. Мојата фасцинација од везовите ме инспирираше да создадам современи дизајни од истите, умешноста на изработката, вековноста, убавината, мистичноста, боите, формите. Сето ова ме поттикна да ги пресликам везовите на еден современ, уникатен начин во денешното современо време.
Како ги креирате и скицирате дизајни за вашите производи? Каков е вашиот креативен процес почетната скица до последниот печатен предмет?
– На целиот концепт работев повеќе од 3 години. За мотивите од кои изработувам дизајни користам стручна литература, се потпирам на моето стручно знаење и искуства, правам и теренски истражувања.
Дизајните ги цртам рачно. На еден дизајн работам 2 дена, некогаш и повеќе доколку мотивот е посложен. При ова, сакам да нагласам дека ја задржувам автентичноста на шарата и боите само ги стилизирам линиите. Потоа цртежот графички се обработува со помош на соодветен комјутерски програм,се изработува фајл кој потоа се аплицира на производот со помош на печатење.
Во моментов, спомнавте дека вашата продажба е првенствено онлајн и преку настани како што се маркети и саеми. Како овој пристап придонесе за растот и досегот на вашиот бренд?
– Интернетот и социјалните мрежи се моќна алатки кои овозможуваат претставување, видливост, достапност на твојата работа до поголем број на луѓе за кратко време. Онлајн продажбата и покрај предностите има и свои недостатоци. Од друга страна пак, присутноста на настани, базари… директната комуникација лично со луѓето, овозможува полесно разбирање на приказната и концептот на Акреа.
Кои се некои од предизвиците со кои се соочивте при продажбата на вашите производи и онлајн и на физички настани и како ги надминавте?
– При онлајн продажбата, досега најголем предизвик е доставата на нарачките, начинот на кој клиентот ќе ја добие нарачката. Но со добра организација и тоа се надминува. Од продажбата со физичко присуство, сите искуства ми се многу позитивни.
Можете ли да споделите незаборавни искуства или успешни приказни од вашето досегашно патување со Акреа?
– Како генерално успешна приказна од моето досегашно патување со Акреа, ќе го издвојам тоа што е прифатена и препознаена од голем број на луѓе. Нивните реакции на воодушевување, комплиментите, големиот интерес. Особено ме радуваат реакциите на децата и младите луѓе и тоа ми дава уште поголем мотив да продолжам преку Акреа да го промовирам нашето богато културно наследство.
Како некој длабоко вклучен и во креативните и во деловните аспекти на вашиот бренд, каков совет би им дале на другите кои сакаат да започнат свои креативни потфати?
– Совет кој можеби звучи како клише, но едноставно само така се доаѓа до резултат и успех. Силно да веруваат во тоа што го прават. Да работат со многу љубов, верба и посветеност. И никогаш да не се откажуваат од својот сон!
Дали има некои претстојни проекти или случувања за Акреа за кои сте особено возбудени и би сакале да ги споделите со нашите читатели?
– Во следниот период претстојат нови соработки, работа на нови дизајни, создавање на нови производи.
Конечно, како можат заинтересираните поединци најдобро да се поврзат со вас за да дознаат повеќе за Акреа и потенцијално да ги купат вашите производи?
– Акреа може да ја запознаат на Facebook и Instagram друштвените мрежи.
Секој дизајн е како пајдушко везено шиење, носи во себе приказна од вековната уметност, внесена во модерниот свет. И во целиот процес, од рачното цртање на дизајните до нивната дигитална обработка, го чувствувате ѝ автентичниот македонски потпис.
А вие доколку сакате одблизу да се запознаете со нејзината уметност тоа можете да го сторите преку Фејсбук и Инстаграм профилите:
Фејсбук: АКРЕА
Инстаграм: @akrea23
Со неизмерен ентузијазам и верба во својот сон, нејзината приказна е сè уште само почетокот на една вистинска уметничка авантура која вреди да ја поддржи секој Македонец, но и вљубеник во модата!