Sign In

Блог

Последни вести
Да подадеме рака и да изградиме висок христијански крст во селото Глуво

Да подадеме рака и да изградиме висок христијански крст во селото Глуво

На околу десетина километри од Скопје, на падините на Скопска Црна Гора се наоѓа едно од најстарите села во Македонија, а тоа е селото Глуво кое наскоро треба да го краси и 15,4 метри висок крст.

Селото Глуво на почетокот на месец март почна со нов проект, а тоа е изградба на голем христијански крст, кој беше најавен уште за време на меморијалниот турнир кој се организира во селото.

Светиот крст ќе биде со висина од 15,4 метри и ќе биде поставен на ридот над селото Глуво, односно највисоката точка над манастирот „Св. Атанасиј“, а секој кој сака да помогне во изградбата на крстот со донација може да добие повеќе информации на телефонскиот број 077753245.

Доколку сте љубители на природата и чистиот воздух, а воедно сакате да избегате од градскиот метеж, тогаш селото Глуво е одличната дестинација каде што ќе може да ги „наполните батерии“, но и да пробате од превкусната традиционална кујна.

Пред пет години беше направен уште еден интересен симбол кој го краси преубавото село, а тоа натписот „Глувовуд“ направен од бетонски букви по примерот на познатиот знак „Холивуд“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *