Манастир со лековита вода – светилиште со корени од антиката
Секое место има своја душа која крие многу приказни, а таков е и мариовскиот крај за кој се раскажани безброј приказни, но постојат и манастири во кои луѓето наоѓале решение за своите проблеми.
Манастирот кој се наоѓа во непосредна близина на некогашното село Мелница се нарекува Витолишки манастир или Мелнички манастир и истиот почнал да се гради во 1870 година под водство на Стале Чешелков, кој добил помош од останатото население.
Главната манастирска црква „Св. Илија“ била изградена во 1872 година, додека фрескоживописот бил комплетиран во 1881 година од зографот Аврам Дичов, кој е син на познатиот македонски иконописец и фрескосликар, Дичо Зограф.
Постои и натпис во манастирската црква од 1872 година дека прекрасниот манастир бил изграден од мајсторот Пере Лауца со помош на христијаните од околните села.
Според околното население, црквата е изградена на стари темели кои потекнуваат од антиката, а исто така тие раскажаа дека светиот објект бил разурнат во 15 век затоа што разбојници сметале дека во него има скриено злато.
Во манастирот се слави празникот Св. Илија, а жители се собираат и за Ѓурѓовден, Цветници и Благовец, додека меѓу населението се шири приказна и дека постои и лековита вода.
Ова е точната локација на манастирот: