Sign In

Блог

Последни вести
Македонското село Бабино е дом на најмалата библиотека во светот со книги стари над 600 години

Македонското село Бабино е дом на најмалата библиотека во светот со книги стари над 600 години

Македонското село Бабино, кое се наоѓа во близина на Демир Хисар, е најпознато по најмалата библиотека во светот, како што вели сопственикот Стево Степановски. Библиотеката „Ал Би“ брои над 20.000 наслови, меѓу кои има книги стари над 600 години.

Во библиотеката првите книги се донесени во далечната 1882 година од Багдад, Дамаск, Истанбул, Техеран, Анкара, а печатени се на персиски, старотурски и арапски јазик.

Сопственик на библиотеката е Стево Степановски, а за почетоците на овој дом на илјадници книги и културно наследство е задолжен неговиот прадедо Јован.

Меѓу големиот број на книги се наоѓаат две најстари кои се напишани пред повеќе од 600 години и донесени од Дамаск. Интересно е тоа што првата е напишана на хиџра јазик, додека втората на стандардниот урду јазик, кој е застапен во Индијан.

Освен овие книги, во библиотеката може да се забележат книги и на англиски, италијански, германски, француски, српски, како и македонски јазик, а големиот број на наслови привлекува голем број туристи и интерес од странство.

Во библиотеката се чува и примерок од првото издание на весникот „Нова Македонија“, првиот примерок на книгата „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески, како и Зборникот на народни песни од браќата Миладиновци.