Sign In

Блог

Последни вести
Бигорски манастир

Бигорски манастир

Бигорски манастир „Свети Јован Крстител“ е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, додека во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква.

Манастирот бил обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион. Тој е првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Името на Бигорски Манастир доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор.

Бигорски манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.